РЕШЕНИЕ за свикување на 27. редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 11.09.2023 година, донесe

 

РЕШЕНИЕ

за свикување на 27. редовна седница на

Советот на Општина Делчево

 

I

            Ја свикувам 27. редовна седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на ден  13.09.2023 година (среда) со почеток во 11:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

 

Дневен ред

-Усвојување на Записник од 26.седница

 

  1. Предлог-Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2023 година;

Образлагач: Анка Христова-Раководител на Одделението за финансиски прашања.

  1. Годишен план за вработување на ОЈУДГ „Весели цветови“-Делчево за 2024 година со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Билјана Симовска-Директор на ОЈУДГ „Весели цветови“-Делчево.

  1. Годишен извештај за работата на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за учебната 2022/2023 година со Заклучок за усвојување (пуштен на е-маил);

Образлагач: Горан Димитровски-Директор на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево.

4.Предлог-Одлука за утврдување на надоместок за прекопување на општински патишта, улици и тротоари на подрачјето на општина Делчево;

Образлагач: Звонко Атанасов-Раководител на Сектор за урбанизам, заштита на ЖС, комунални дејности, сообраќај и ЛЕР.

5.Прашања и предлози на членови на Совет;

II

            Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.

Број 09- 1802/1
11.09.2023
Делчево

Совет на Општина Делчево
Претседател
Гоце Попов

Shares