РЕШЕНИЕ за свикување на 36. редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весникна РМ“ бр. 5/2002), член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), член 35 став 1 точка 1 и член 58 став 1 од Деловникот, Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден19.06.2024 година, донесe

РЕШЕНИЕ

за свикување на 36. редовна седница на

Советот на Општина Делчево

I

            Ја свикувам 36. редовна седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на ден 28.06.204 24 година  со почеток во   16:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За седницата го предлагам следниот

Дневен ред

 

Усвојување на Записник од 35.седница

 

  1. Предлог-Одлука за поддршка на проект во рамките на Територијалната стратегија на програмата Interreg VI-A-ИПА Бугарија-Северна македонија 2021-2027, Специфична цел 1.2 „Развој на атрактивен туристички производ за сите сезони со помош на паметрни решенија кои обезбедуваат универзален пристап и учество“;

Образлагач:Тони Стоименовски-Советник за планирање на  ЛЕР.

  1. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 2.02 и ГП 2.03 со намена А1-домување во куќи, според Извод од ДУП Урбан блок „Пролет 3“ КО Делчево, Општина Делчево т.број 01-01 од јуни 2024 (Детален урбанистички план, Урбан блок „Пролет“ 3 КО Делчево, Општина Делчево донесен со Одлука на Совет бр.07-773 од 04.07.2005, изработувач на проектот е Друштво за трговија, производство, градништво, услуги и консалтинг ЧИП ГРОУП ДООЕЛ, увоз-извоз Скопје, Лиценца бр.95 издадена од 14.02.2017 година;

Образлагач: Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.

3.Годишен план за вработување на ООУ „Св.Климент Охридски“ за 2025 година со Заклучок за давање согласност;

4.Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево;

Образлагач: Горан Димитровски-Директор на СОУ „М.М.Брицо“-Делчево.

5.Предлог-Одлука за давањенакористење и управувањеобјектсопственостнаОпштинаДелчево;

6.Предлог-Одлука за давање согласност на Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево;

  1. Годишен план за вработување на ООУ „Ванчо Прке“ за 2025 година со Заклучок за давање согласност;

Образлагач: Горан Велков-Директор на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево.

8.Предлог-Одлука за определување на приоритет за проектот;

  1. Предлог-Одлука за давање согласост и овластување за потпишување на Договор/и за грант;
  2. Предлог-Одлука за сопствено учевство и одобрување на финансиски средства на Општина Делчево за реализација на проектот;

Образлагач: –Тони Вангеловски-Советник за уредување на градежно земјиште и заштита на ЖС.

  1. Локална стратегија за млади на Општина Делчево 2024-2027 со Одлука за усвојување;

Образлагачи: Зоран Биковски, претставник на Организација ЖЕНА Делчево  и Милена Багевска претставник од Општина Делчево.

  1. Квартален извештај за извршувањето на буџетот на Општина Делчево за периодот од 01.01.2024 до 31.03.2024 година со Заклучок за усвојување;
  2. Предлог-Одлука за проширување на средства во Буџетот на Општина Делчево за 2024;

Образлагач: Ана Ситновска Димитровска-раководител на Одделение за буџетска контрола, сметководство и администрирање на даноци.

  1. 14. Разгледување на Барање од Здружение еколошко друштво ГОЛАК 2022-Делчево;
  2. Разгледување на Барање бр.09-893 од 14.06.2024 поднесено од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција Обнова за Македонија;

II

                Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.

Број 09- 913/1                                                                    СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

19.06.2024                                                                          Претседател,

Делчево                                                                                Гоце Попов,с.р.

Shares