Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), член 35 став 1 точка 1 и член 58 став 1 од Деловникот, Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден12.07.2024 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на 37. редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам 37. редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на ден 19.07.2024 година со почеток во 09:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
–Усвојување на Записник од 36.седница
- Извештај за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево соЗаклучок за усвојување;
Образлагач: Лелја Анакиевска – Командир на Полициска станица од општа надлежност.
2.Предлог-Одлука за доделување на стипендии на ученици прогласени за првенци на генерацијата во општинските училишта;
Образлагач: Ванчо Новоселски-Советник за образование.
3.Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно-изграден објект надвор од плански опфат, објект станбена куќа згр.бр.1 по барање на Благојчо Ѓорѓиевски.
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно-изграден објект надвор од плански опфат, објект станбена куќа згр.бр.3 по барање на Ѓорѓи Десподовски;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно-изграден објект надвор од плански опфат, објект станбена куќа згр.бр.1 по барање на Игорчо Ѓорѓиевски;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно-изграден објект надвор од плански опфат, објект станбена куќа згр.бр.5 по барање на Никола Илиевски;
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко-планска документација за бесправно-изграден објект надвор од плански опфат, објект објект за чување на сточна храна згр.бр.1 по барање на Трајчо Михаилов;
- Предлог-Одлука за финансиска поддршка по барање УП 21-190 од 03.07.2024 година;
- Предлог-Одлука за финансиска поддршка по барање УП 21-174 од 20.06.2024 година;
10.Предлог-Одлука за парична помош по барање бр.21-183 од 28.06. 2024;
11.Тримесечен извештај за финансиското работење на ЈКП „Брегалница“-Делчево за период 01.01.2024 -31.03.2024 година со Заклучок за усвојување;
Образлагач: Стојче Стојковски-Директор на ЈКП „Брегалница“-Делчево;
12.Предлог-Решение за избор на претседател на Комисијата за статут и прописи;
- Предлог-Решение за избор на претседател на Комисијата за еднакви можности меѓу мажите и жените;
- Прашања и предлози на членови на Совет;
II
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.
Број 09-1034/1 СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
19.07.2024 Претседател,
Делчево Гоце Попов