Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), член 35 став 1 точка 1 и член 58 став 1 од Деловникот, Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 15.10.2024 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на 40. редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам 40. редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на ден 22.10.2024 година (вторник) со почеток во 09:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од 39.седница
1. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат,Објект викенд куќа згр. бр. 1 по барање на Анка Христова;
2. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат,Објект црква зграда број 1 по барање на МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА-ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА-Скопје;
3. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат,Објект помошен објект згр.бр.4 по барање на Иван Ромовски;
4. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат,Објект помошен објект, згр.бр.2 по барање на Момчил Иванов;
5. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат,Објект станбена куќа згр.бр.1 по барање на Татјанчо Костадинов;
6. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат,Објект гаража згр.бр.4 по барање на Татјанчо Костадинов;
7. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат,Објект станбена куќа, згр.бр.2 по барање на Александар Тренчовски;
8. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат,Објект станбена куќа, згр.бр.1 по барање на Славе Лазаров;
Образлагач: Андријана Соколовска-помлад соработник за уредување на градежно земјиште.
9. Извештај за јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Делчево со Предлог-Заклучок за усвојување;
Образлагач: Лејла Анакиевска-Командир на Полициска станица од општа надлежност-Делчево.
10.Предлог-Одлука за разрешување и именување претставник на Локалната самоуправа Делчево во Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом „Гоце Делчев“-Делчево;
11.Предлог-Одлука за финансиска поддршка по барање УП бр.21-280 од 07.10.2024 година;
12. Предлог-Одлука за утврдување на висината на надоместокот за поставување на натписи и рекламни табли-паноа на подрачјето на општина Делчево.
Oбразлагач: Емил Тасев-Советник-општински инспектор за комунални работи.
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.
Број 09- 1550 /1 СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
15.10. 2024 Претседател,
Делчево Гоце Попов,с.р.