Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. Весник на РМ“ бр. 5/2002), член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево (“Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), член 35 став 1 точка 1 и член 58 став 1 од Деловникот, Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 06. 11.2024 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на 41. редовна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Ја свикувам 41. редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на ден 14.11.2024 година (четврток) со почеток во 09:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево. Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записник од 40.седница
1. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат,Објект станбена куќа куќа згр. бр. 1 по барање на Ванчо Стојановски;
2. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат,Објект станбена куќа згр. бр. 1 по барање на Даниел Михаиловски;
3. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат,Објект гаража згр. бр. 2 по барање на Даниел Михаиловски;
4. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат,Објект станбена куќа куќа згр. бр. 2 по барање на Горанчо Гоцевски;
5. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат,Објект станбена куќа згр. бр. 4 по барање на Кирчо Анакиев;
6. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат,Објект шупа згр.бр.4 по барање на Мирко Стоилов;
7. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат,Објект помошен објект, згр.бр.1 по барање на Раде Димитровски;
8. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат,Објект станбена куќа згр.бр.1 по барање на Марјанчо Трајановски;
9. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат,Објект станбена куќа, згр.бр.1 по барање на Лупчо Миленков;
Образлагач: Андријана Соколовска- помлад соработник за уредување на градежно земјиште.
10.Предлог-Одлука за утврдување на урбанистички план за измена и дополнување на Детален урбанистички план за урбана единица 2. Дел од блок 2.1. Кожара (КП 6017/0) Општина Делчево, плански период 2023-2028-Нацрт план;
Образлагач: Горан Петровски-Советник за урбанизам и енергетска ефикасност.
11. Заклучок за измена и дополнување на Предлог-План на програми за развој на Општина Делчево за 2024 година;
12. Предлог-Одлука за одобрување на План на програми за развој на Општина Делчево за 2025 година;
Образлагач: Звонко Атанасов-Раководител на Сектор за урбанизам, заштита на ЖС, комунални дејности, сообраќај и ЛЕР.
12. Квартален извештај за извршувањето на Буџетот за 2024 година за период 01.01.2024-30.09.2024 година со Предлог-Заклучок за усвојување;
13. Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Делчево за 2024 година; (материјалите ви беа доставени претходно);
Образлагач: Ана Ситновска Димитровска-Раководител на Сектор за буџетска контрола, сметководство и администрирање на даноци.
14. Предлог-Одлука за парична помош по барање УП1 бр.21-302 од 31.10.2024;
15. Предлог-Одлука за парична помош по барање УП1 бр.21-207 од 25.07.2024;
16. Предлог-Одлука за еднократна парична помош по барање УП1 21-306 од 06.11.2024;
17.Прашања и предлози на членови на Совет.
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.
Број 09- 1697 1 СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
07.11. 2024 Претседател,
Делчево Гоце Попов