РЕШЕНИЕ за свикување на 45. Редовна седница на Советот на Општина Делчево

Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 5/2002), член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево („Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), член 35 став 1 точка 1 и член 58 став 1 од Деловникот, Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 07. 03. 2025 година, донесe

 

РЕШЕНИЕ

за свикување на  45. Редовна седница на

Советот на Општина Делчево

 

Ја свикувам 45. Редовна седница на Советот на Општина Делчево.

Седницата ќе се одржи на ден 14. 03. 2025 година (петок)  со почеток во 09:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево.

Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.

За Седницата го предлагам следниот

 

Дневен ред

-Усвојување на Записникот од 44. Седница

 

  1. Предлог-одлука за приоритетен предлог-проект за развој на подрачја со специфични развојни потреби;

 

  1. Предлог-одлука за приоритетен предлог за проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој;

 

Образлагач: Тони Стоименовски, советник за планирање на локалниот-економски развој.

 

  1. Одлука за давање на времено користење движна ствар-моторно возило на ЈКП „Брегалница“ Делчево;

 

Образлагач: Стефанија Стојчевска, раководител на Одделение за јавни набавки и админинистрирање со имотот на Општината.

 

  1. Завршна сметка на ЈЛБ „Илинден“ со Заклучок за усвојување;

Образлагач: Марина Димитровска, сметководител на ЈЛБ „Илинден“ Делчево.

 

  1. Завршна сметка на ОЈУДГ „Весели цветови“ Делчево со Заклучок за усвојување;

 

Образлагач: Мара Бошначка, сметководител во ЈУДГ „Весели цветови“.

 

  1. Завршна сметка на ООУ „Св.Климент Охридски“за 2024 г. со Заклучок за усвојување;

 

  1. Завршна сметка на ООУ „Ванчо Прке“ Делчево за 2024 година со Заклучок за усвојување;

 

  1. Завршна сметка на СОУ „М.М.Брицо“ Делчево со Заклучок за усвојување;

 

Образлагач по точките 6, 7 и 8 е Катерина Величковска, сметководител.

 

  1. Квартален извештај заизвршување на Буџетот за периодот од 01.01.2024 до 31.12.2024 година со Заклучок за усвојување;

 

  1. Завршна сметка на Буџетот на Општина Делчево за 2024 година со Заклучок за усвојување;

 

  1. Годишен извештај на Општина Делчево за 2024 г. со Заклучок за усвојување;

 

  1. Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Делчево за 2025 г.;

 

Образлагач по точките 9, 10, 11 и 12 е Ана Ситновска-Димитровска, раководител на Одделение за буџетска контрола, сметководство и администрирање даноци.

 

 

 

II

Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.

 

 

 

Број 09- 601/1                                                                                  СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

  1. 03. 2025 година                                                                                    Претседател,

 Делчево                                                                                                          Гоце Попов,с.р.

Shares