Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 5/2002) и член 27 од Статутот на Општина Делчево („Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021, Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 19.03.2025 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на Вонредна седница на
Советот на Општина Делчево
I
Свикувам Вонредна седница на Советот на Општина Делчево.
Вонредната седница ќе се одржи на 19 .03.2025 (среда) со почеток во 12.00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево.
Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За Седницата го предлагам следниот
Дневен ред
- Предлог-одлука за доделување парична помош од Буџетот на Општина Делчево за семејствата на настраданите во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани. катастрофалниот пожар во Кочани.
II
Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Сл.гласник на Општина Делчево“.
Број 09-686/1 Совет на Општина Делчево
19.03.2025 Претседател
Делчево Гоце Попов