Врз основа на член 48 став 1 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 5/2002), член 25 став 2 точка 1 од Статутот на Општина Делчево („Сл. гласник на Општина Делчево“ бр. 15/2013,2/2019 и 1/2021), член 35 став 1 точка 1 и член 58 став 1 од Деловникот, Претседателот на Советот на Општина Делчево на ден 15. 04. 2025 година, донесe
РЕШЕНИЕ
за свикување на 46. Редовна седница на
Советот на Општина Делчево
Ја свикувам 45. Редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на ден 22. 04. 2025 година (вторник) со почеток во 09:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево.
Центарот е сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За Седницата го предлагам следниот
Дневен ред
-Усвојување на Записникот од 45. Седница
-Усвојување на Записникот од Вонредната седница одржана на ден 19.03.2025 г.
-Усвојување на Записникот од Вонредната седница одржана на 28.03.2025 г.
- Предлог-одлука за утврдување на потребата од донесување на Урбанистичко планска документација за бесправно изграден објект надвор од плански опфат –објект станбена куќа згр.1 по барање на Нада Мицевска;
- Предлог-одлука за вклопување бесправно изграден објект со намена различна од утврдената во важечка планска документација згр бр 2- објект со намена А5-4- помошен објект по барање на Ванчо Костадинов;
- Предлог-одлука за вклопување бесправно изграден објект со намена различна од утврдената во важечка планска документација згр. бр 1- објект со намена А1-станбена куќа по барање на Миле Стоименовски ;
- Предлог-одлука за вклопување бесправно изграден објект со намена различна од утврдената во важечка планска документација згр. бр 2- објект со намена Б5-1, црква по барање на МПЦ;
Образлагач по точките 1,2,3 и 4 е Андријана Соколовска, помлад соработник
за уредување градежно земјиште.
- Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Центарот за развој на Источно плански регион за 2024 г.
- Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за спроведување на Програмата за развој на Источно планскиот регион 2021-2026 за 2024 година
Образлагач по точките 5 и 6 е Емил Василев, претставник од Центарот за развој на ИПР.
- Разгледување Предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка за вршење инспекциски надзор во областа на комуналната дејност со Предлог-одлука за утврдување на Предлогот за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Општина Делчево и Општина Берово.
- Разгледување Предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка за вршење инспекциски надзор во областа на туризмот и угостителството со Предлог-одлука за утврдување на Предлогот за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Општина Делчево и Општина Берово.
- Разгледување Предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка за вршење инспекциски надзор во областа домување со Предлог- одлука за утврдување на Предлогот за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Општина Делчево и Општина Штип.
Образлагач по точките 7, 8 и 9 е Ивана Ивановска, раководител на Одделение за правни и општи работи
- Заклучок за усвојување на Извештајот за работа на ОСБСП Делчево за 2024 г.
- Заклучок за усвојувањена Годишната програма за работа на ОСБСП Делчево за 2025 г.
Образлагач по точките 10 и 11 Николина Петровска-Мавродиева, виш соработник за сообраќај и патишта.
- Предлог –одлука за усвојување на Интегралниот локален план за развој на Општина Делчево
Образлагач Тони Стоименовски, советник за планирање на локалниот економски развој.
- Предлог-одлука за доделување еднократна парична награда на талентирани ученици од СОУ „М.М.Брицо“.
Образлагач Ванчо Новоселски, советник за образование
- Предлог-програма за поставување урбана опрема на територијата на град Делчево
Образлагач Горан Петровски, сооветник за урбанизам и енергетска ефикасност
- Предлог-програма за ревитализација по елиминирањето на кризата за Општина Делчево
Образлагач Кире Цоневски, соработник за превенција, справување со кризна состојба, заштита и спасување.
- Предлог-решение за именување претставник на Локалната самоуправа Делчево во Училишниот одбор на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево;
- Предлог–решение за именување претставник на Локалната самоуправа Делчево во Училишниот одбор на ООУ „Ванчо Прке“ Делчево
- Предлог-решение за именување член на УО на ЈУДГ„Весели цветови“ Делчево по предлог на Министерството за социјална политика, демографија и млади.
- Предлог-одлука за финансиска поддршка бр 21-772/1 од 25.03.2025
Образлагач по точките 16 17, 18, и 19 е Гоце Попов, претседател на Советот на Општина Делчево;
- Предлог-одлука за давање согласност на Програмата за работа на ЈКП „Брегалница“ Делчево за 2025 г.
Образлагач Стојче Стојковски, директор на ЈКП „Брегалница“
- Заклучок за усвојување на Деветмесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП „Брегалница“ за периодот од 01.01.2024 до 30.09.2024 г.
- Предлог-одлука за давање согласност на Годишната сметка на ЈКП „Брегалница“ Делчево за 2024 г.
Образлагач по точките 16 и 17 е Марија Сумрачка-одговорна за сметководство и финансов книговодител.
- Предлог-одлука за констатирање природна непогода-голомразица на територијата на Општина Делчево
Образлагач е Иван Гоцевски, координатор на советничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија
- Прашања и предлози на членови на Советот на Општина Делчево
II
Присуството на членовите на Советот на Општина Делчево е задолжително, а секое отсуство потребно е да се пријави кај Претседателот на Советот на Општина Делчево.
Број 09-947 /1 СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО
15 . 04. 2025 година Претседател,
Делчево Гоце Попов, с.р.