Training for gender sensitization of the teaching staff in Delchevo

Согласно со Програмата за еднакви можности на жените и мажите на Општина Делчево и работа на КЕМ за 2020 година, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Делчево, организира едукација/обука за наставниот кадар во општинските училишта на тема „Со едукација до родова сензибилизација на наставниот кадар од општинските основни и средни училишта заради давање личен пример и индиректна едукација на учениците“.

 Обуката/едукацијата ќе се одржи на 25 Февруари 2020 (вторник) во мултифункционалниот центар во Спомен-домот АСНОМ, со почеток во 12 часот. Едукатор на обуката ќе биде д-р Марија Ристеска, експерт во областа на родовите политики, директор на Центарот за истражување и градење родови политики-Скопје и член на UN Women.

Целта на обуката е родово да се сензибилизираат наставниците со тоа да дадат личен пример и индиректна едукација на учениците. Во обуката се опфатени наставници од трите општински училишта со цел учениците од најмала возраст да бидат родово едуцирани, а со тоа да се спречи појавата на родови предрасуди и стереотипи .

 

Shares