Mayor Trajkovski: do not gather in groups, respect the decisions of the Government

  • News

Владата на Република Северна Македонија, на Седницата одржана на 19 март 2020 година, донесе и Одлука со која се забранува собирање во група на повеќе од пет лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини. За оваа цел, се задолжени Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Северна Македонија да ги разбиваат овие групи и да ги интензивираат теренските контроли.

Во таа смисла, градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трaјковски, уште еднаш ги информира граѓаните, посебно младите од Делчево, да не се собираат во групи по домовите, манастирот Балаклија и на Голак, каде деновиве се забележани поголеми групи млади и да ги почитуваат одлуките за самоизолација, со цел да се избегнат несакани последици и интервенции од полицијата.

-Јас уште еднаш сакам да апелирам до сите граѓани да ги почитуваат одлуките на Владата во оваа вонредна состојба и сите да придонесеме со свој пример и да бидеме одговорни за своето, но и колективното здравје. Младите да ги променат навиките и да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и само на тој начин ќе излеземе поголеми и подостоинствени од оваа криза. Апелирам, останете дома, бидете одговорни, не го загрозувајте здравјето на вашите родители и пријатели, потенцираше Трајковски.

Соглано со препораката од Владата која се однесува за сите работодавачи, а во зависност од типот на работата и можностите, да се организира работата и начинот на работа на вработените лица преку работа од дома, без да се наруши редовното и нормалното функционирање на институцијата, Трајковски ја информира јавноста дека од понеделник, 23.03.2020, во Општина Делчево ќе се воведат дежурства по одделенијата и секторите, а комункацијата со граѓаните ќе биде исклучиво по телефон или по е-пошта.

Исто така, сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги, задолжително да обезбедат редарска служба при влез и во внатрешноста во овие објекти, со цел да се контролира влезот и бројот на лица во истите, така што ќе се обезбеди минимум потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите.

Во Делчево досега во изолација се 70 лица, а за непочитување на самоизолацијата и за загрозување на здравјето на граѓаните, согласно со Кривичниот законик член 205 и 206, каде се предвиуваат парични казни до 3.000 евра или казна затвор до 3 години, ПС Делчево до денеска има поднесено 5 кривични пријави.

Shares