Согласно уредбите со законска сила за примена на Законот за основното образование и Законот за средното образование за време на вонредна состојба, наставата во основните општински училишта „Ванчо Прке“ и „Св.Климент Охридски“ од Делчево, како и во Средното општинско училиште „Методи Митевски– Брицо“ од Делчево се организира преку далечинско учење, односно учење од дома со примена на средства за електронска комуникација.
Од причина што има ученици со место на живеење каде нема достапен интернет и ученици од социјално ранливи категории на семејства, а по барање на Министерството за образование и наука, денеска од општинските училишта од Делчево ќе бидат пуштени бараните податоци за оваа категорија на ученици до Министерството, за да се изнајде начин, како и тие ученици да ја следат наставата. Ваквиот начин на организирање на наставата ќe се одвива сѐ додека трае вонредната состојба во Рерпублика Северна Македонија.
Во меѓувреме се работи на национална веб-платформа за образование препорачана од МОН -Едуино.