Делчево најтранспарентна општина во Источно-планскиот регион

  • News

Центарот за управување со промени  ги објави резултатите од истражувањето спроведено во периодот февруари-март 2020, кое се однесува на веб-транспарентноста на општините во РСМ. Барометарот за веб-транспарентност ги рангира ЕЛС според нивото на проактивна транспарентност во рамки на дефинирана рамка на индикатори. Индикаторите се составен дел на Стандрадите за е-транспарентност на единиците на локалната самоуправа, како дел од проектот „Граѓанинот на прво место“ финансиран од ЕУ.

За добивање на резултатите се користени веб-страниците на сите ЕЛС од аспект дали одредени информации се објавени на веб-страницата и во која мерка, а согласно со 78 индикатори.

Општина Делчево има индекс на транспарентност од 41,67% со што на Листата на рангирање по индексот на веб-транспарнетност  е прва општина по веб-транспарентност во ИПР и на 9 место на ниво на државата. Највисок индекс на веб-транспарентност има Општина Велес со 53,85%.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски , истакна дека изминатиов период активно се работеше на подигање на транспарентноста на Општината, посебно активната транспарентност, а како најдобра алатка за транспарентност е користена веб-страницата.

За  постигнување на овие зацртани цели, изминатиов период Општина Делчево донесе и Стартегија за надворешна комуникација, а две години по ред  се изготвува и Годишна програма за односи со јавност и промоција на Општина Делчево. Значи работевме стратешки и плански, а од февруари годинава е активна и новата веб-страница. Се изработува и е-информатор, а се објавуваат  и сите документи кои имаме законска обврска да ги објавуваме, но и информациите и податоците врз основа на активна транспарентност. Сакам да истакнам дека на ова поле ќе работиме и во иднина и дека ова рангирање на Општина Делчево во првите 9 општини на ниво на државата е само поттик и доказ дека сме на вистинскиот пат, рече Трајковски.

Центарот за управување со промени вакво истражување има спроведено и во 2016 и во 2018 г.

Shares