Хуманитарни пакети за социјално ранливи семејства

  • News

Мобилни екипи на Општина Делчево во соработка со Центарот за социјални работи од Делчево, денеска доставија 30-ина хуманитарни пакети до семејства од Општина Делчево кои живеат во социјален ризик. Хуманитарните пакети се составени од средства за хигиена и прехранбени продукти, а тие се донација од хумани поединци и фирми во Делчево.

Изразуваме благодарност до сите хумани и водејќи се од мотото дека секој заслужува подобро и затоа треба да се дарува од срце,  со оваа акција порачуваме дека во Делчево никој не е заборавен. Хуманитарната акција ќе продолжи и наредниот период.

Shares