Поради претстојната забрана за движење во периодот од 15,00 ч на 25.04.20 (сабота) , до 5,00 ч наутро на 27.04.20 (понеделник), Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување ги известува сточарите од Општина Делчево кои имаат потреба за движење и работа на фармите додека трае забраната за движење, да се јават во Општина Делчево кај лицето Кире Цоневски на тел. 078/705-513 со цел да им се овозможи соодветно евидентирање на податоците кои ќе бидат доставени од страна на назначеното административно лице до ПС-ОН Делчево. Воедно, се информираат сточарите дека движењето е временски ограничено, односно во периодот од 6 до 8 часот наутро и од 17 до 19 ч попладне.