Municipality of Delchevo in the group of municipalities with the best fiscal transparency

  • News

Во документот за јавни политики изработен од ЦЕА и согласно со индексот на буџетска транспарентност, Општина Делчево се наоѓа во првите топ 12 општини со индексни поени за буџетска транспарентност од 13, заедно со општините Аеродром, Центар, Илинден, Кавадарци, Зрновци и Кочани, додека зад градот Скопје и Прилеп заостанува со три индексни поени.

Во студијата на ЦЕА  е потенцирано дека фискалната транспарентност на општините во РСМ е, General, подобрена во фискалната 2019-2020 година во однос на изминатите фискални години (2014-2015, 2016-2017, 2017-2018). Според индексот на достапност на буџетските документи, во фискалната 2019-2020 година, единиците на локална самоуправа Прилеп и Град Скопје ги имаат максималните бодови на буџетска транспарентност. Тие се првите две единици на локална самоуправа кои се целосно транспарентни во поглед на фискалната транспарентност во периодот од 2014 – 2020 година.

Од аспект на планските региони, подобрување на буџетската транспарентност на регионално ниво има во сите региони освен во Југоисточниот регион каде има уназадување на просечниот регионален индекс на буџетска транспарентност што укажува дека општините од овој регион помалку се отворени кон граѓаните. Општините од Источниот регион, се најтранспарентни на регионално ниво споредено со другите региони.

Поопширно за истражувањето на следниот link.

Shares