Изградба на крак од фекална канализација во с. Ѕвегор

  • News

Заврши изградбата на крак од фекалната канализација во селото Ѕвегор со што во ова село комплетно се решава проблемот со отпадните води. Екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве работеа на изградбата на крак од фекалната канализација во Горна Маала, при што се поставија цевки ФИ 250 во должина од 150 метри, како и 6 шахти. Изградениот крак е приклучен на главната фекална канализација во селото.

Во моментов, екипи на ЈКП „Брегалница“работат на изградба на крак од фекална канализација во селото Габрово.

Инвестицијата е на Општина Делчево.

Shares