Под мотото „Училиште со полн потенцијал за напредување“, ООУ „Ванчо Прке ” – Делчево денеска го прославува патрониот празник. Поради актуелната пандемија културно- уметничката програма имаше своја онлајн промоција, а во чест на патронот, беше распишан и литературен конкурс на тема „Сега знам“, се реализираше и ликовна колонија со голем број уметнички ракотворби од Ликовната секција, а излезе од печат и вториот број на електронскиот училишен весник , насловен „Заедно во време-невреме“, каде членовите на новинарската секција работат во партнерство со училиштето ООУ „Живко Брајковски” од нас.Бутел од Скопје.
По повод патронатот, градоначалникот Горан Трајковски испрати честитка до вработените и учениците во училиштето при што истакна дека Делчево е гордо на успесите во воспитно-образовниот процес на училиштето кое годинава ја испишува 48-та година од постоењето.
-Основното образование е темелна вредност во градењето на младите луѓе, а ова наше училиште служи за пример како се воспитуваат и образоваат нашите ученици и се подготвуваат за нивната професионална ориентација во иднина. Ме радува фактот што во време на пандемија, покрај тоа што успешно се реализираше далечинското учење, но и учењето со физичко присуство, раководството на училиштето и вработените смогнаа сили комплетно да го реновираат училиштето и да создаваат подобри, современи услови за одвивање на наставата. Го честитам патрониот празник и им посакувам уште многу успеси во иднина, истакна Трајковски.
Views: 760