Делегати од седум организации ќе го формираат Локалното собрание на млади на Општина Делчево

  • News

Делегати од седум организации во Делчево ќе членуваат во Локалното собрание на млади на Општина Делчево. На објавениот Јавен повик за членство на Локалното собрание на млади, аплицирале: ОО на Црвен крст, СДММ, ПСК „Голак“, СОУ „М.М.Брицо“, НВО КХАМ, РЦЗ, НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“.

На последниот состанок, Иницијативниот одбор за конституирање Локално собрание на млади на Општина Делчево ги разгледа апликациите за членство кои беа доставени по Јавниот повик за формирање Локално собрание на млади при што било констатирано дека сите апликации се доставени навремено и во целост ја содржеле документацијата што беше пропишана за пријавување на Јавниот повик.

Конститутивната седница на Локалното собрание на млади е закажана за в понеделник,  7 јуни, во 13 ч, во Мултифункционалниот центар во Делчево. По формирањето на Локалното собрание, ќе се распише повик за членови на Локален младински совет на Делчево.

Членовите на Собранието имаат мандат од две години со право на уште еден мандат.

Инаку, согласно со законската регулатива, Локалниот младински совет на Општина Делчево ќе брои 5 члена и претставува советодавно и претставничко тело за младински прашања и политики and will има право да предлага точки на дневен ред на Советот на Општина Делчево, yes иницира, учествува и дава повратни информации за процесот на локалнаand младинска стратегија и други политики, yes доставува информации до Општина Делчево за прашања кои се однесуваат на младите и yes вршand други советодавни и застапувачки работи во согласност со Законот за младинско учество и младински политики.

Shares