Заврши уредувањето на еден од најинтересните природни раритети во Делчево познати како Скаменети сватови кај с. Нов Истевник.
„Проектот за уредување и означување на туристички локалитет (природна реткост) Истевнички Кукуље“ го реализираше Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во партнерство со Општина Делчево.
Согласно проектот АППТ постави: 4 маси со 8 клупи вградени, фото летниковец со маса и клупи, 5 канти за отпад и информативна табла.
Претходно, ПСК Голак со поддршка на Општина Делчево ја уреди локална планинска патека од Истевник до Разловци која е комплетно уредена со 3 информативни табли, 15 патокази и маркација со боја.
Овој проект претставува позитивен пример за соработка помеѓу локалната и централната власт и ќе придонесе да се збогати туристичката понуда на Општина Делчево и регионот, кој ќе го уживаат како домашните така и странските туристи во делот на активниот и авантуристичкиот туризам.
Views: 824