Официјално доделен договорот за изградба на енергетско ефикасна фасада на ООУ „Ванчо Прке“

  • News

Делчевското основно училиште „Ванчо Прке“ од Владата на РСМ преку Договорот со ТАВ доби 5,1 милион денари за изградба на енергетско ефикасна фасада на училиштето. Договорот, денеска беше и официјално доделен на градоначалникот Трајковски на настан на кој се обратија премиерот на РСМ, Зоран Заев, и Сани Шенер, главен извршен директор и претседател на ТАВ Аеродроми.

Градоначалникот Трајковски истакна дека станува збор за значаен проект за ова училиште што ќе значи изградба на енергетско- ефикасна фасада која покрај тоа што ќе донесе нов лик на училиштето, училиштето ќе штеди и енергија.

– Фасадата на училиштето не е реконструирана од неговото отворање во 1972, а изградбата на енергетско-ефикасна фасада е приоритетен проект за нашето училиште и значи нов лик на зградата, но и заштеда на енергија и на повеќе средства во буџетот на училиштето кое сега ги троши за затоплување. Динамиката на реализација на средствата на проектот е уредена со договорот, така што во овој момент, најавуваме дека градежните работи ќе започнат наскоро. Воедно, изразувам и голема благодарност до Владата на РСМ што го прифатија нашиот проект и ни овозможија реализација на овој битен проект за нас, рече Трајковски.

 Средствата за реконструкција на фасадата на училиштето се обезбедени од пренамена на средства за изградба на карго- аеродромот во Штип, а врз основа на анализа за проценка на економска оправданост. Станува збор за вкупно средства во висина од 49.743.119.00 евра распределени за реализација на 97 проекти на ниво на држава. Во орвата фаза ќе се инвестираат 23 проекти.

 

Shares