КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

Врз основа на член 11 од Правилникот за начинот, условите, критериумите и постапката за доделување на награди и признанија на Општина Делчево (Службен гласник на Општина Делчево бр.1/2018), Комисијата за доделување награди и признанија на Општина Делчево, на Седница одржана на 07.07.2021 година, одлучи да распише

К О Н К У Р С

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА  НАГРАДА

НА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

ЗА 2021 ГОДИНА

 

1.Општинската наградата се доделува по повод денот на празникот на Општината 7 Септември.

  1. 2. Општинската наградата се доделува на физички и правни лица од Општина Делчево и од Република Северна Македонија, како знак на општествено признание за особени постигнувања од областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзината афирмација во Република Северна Македонија и во светот.
  2. 3. The prize for individuals consists of a plaque and a monetary amount.

Наградата заправно лице сесостоиод плакета.

  1. 4. Право да предлагаат кандидати за Наградата имаат правни и физички лица со седиште, односно живеалиште на подрачјето на Општина Делчево.
  2. 5. Предлогот мора да биде образложен и потпишан од предлагачот, а кога се однесува на поединци, група творци или ученици односно студенти, треба да се приложи и кратка биографија.
  3. 6. Конкурсот трае 30 дена започнувајќи од ден 07.07.2021 година и трае заклучно до ден 06.08.2021година, а предлозите за кандидати  се доставуваат до архивата на Општина Делчево, за Комисијата за доделување на награди и признанија на Општина Делчево, соназнака “Предлог кандидат за доделување општинска награда”.

                                                       Комисија за доделување награди и признанија на Општина Делчево

Shares