Издавање на лиценца и изводи од лиценца за вршење на авто-такси превоз на патници

Type - Name of the service
Издавање на лиценца и изводи од лиценца за вршење на авто-такси превоз на патници
Required documents

1.Барање до Општина Делчево, Одделение за урбанизам,  заштита на животна средина, комунални дејности и сообраќај -готов образец во ОЦУ –кој граѓанинот/клиент го пополнува
2.Доказ за упис во Централниот регистар на Република Македонија и да има регистрирано приоритетна дејност/главна приходна шифра вршење на превоз на патници и стока во патниот сообраќај (тековна состојба не постара од 60 дена);

3.Доказ дека превозникот е сопственик на едно или повеќе регистрирани патнички возила за превоз или да има договор за лизинг за патнички возила што ги исполнуваат посебните техничко-експлоатациони услови пропишани за возила за вршење на одделни видови на превоз (копија од сообраќајната дозвола и потврдата за исполнување на техничко-експлоатациони услови);

4.Доказ дека има вработено во редовен работен однос авто-такси возачи во зависност од бројот на моторните возила што ги исполнуваат условите пропишани со прописите за безбедност на сообраќајот на патиштата (список на вработени по обврзници не постар од 60 дена, копија од образец М1/М2 за секој возач и копија од сертификат за авто такси возач);

5.Доказ за вграден баждарен фискален апарат – таксиметар во возилото;

6.Доказ дека управителот или овластеното лице има сертификат за професионална компетентност (за ТП не се приложува);

7.Потврда дека не е во сила правосилна судска пресуда за кривично дело против имотот, стопанството и од областа или безбедноста во сообраќај со затворска казна подолга од една година, за правното лице и управителот во правното лице, не постара од 60 дена (од Основен суд).

8.Потврда од надлежен суд дека не е изречена прекршочна мерка на безбедност – забрана за вршење на професија, дејност или должност со затворска казна подолга од една година,  за правното лице и управителот во правното лице, не постара од 60 дена.

9.Изјава за користење на личните податоци во текот на постапката (дадена во прилог на барањето).

Administrative tax

Кон барањето се приложува уплатница во износ од – 3.000,00 денари

Цел на дознака – Ад. такса за лиценца за авто-такси превоз,

Назив на примачот – Трезорска сметка, Банка на примачот – НБ на РМ, Сметка – 100000000063095, Уплатна сметка – 840 120 03182, Приходна шифра и програма – 722315 – 00,

2.Износ – 6.250,00 ден. за едно возило за 5 години; Тарифа за обележување, опремување, одржување на авто такси станици – См.100000000063095, Уплатна сметка 840 120 03390, Приходна шифра и програма (722316 – 00).

Receipt of the request

Municipal Service Center (MTC)

Place of realization

Одделение за урбанизам, заштита на животна средина, комунални дејности и сообраќај

Deadline for realization

Во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето

Manner of submitting the service / document

In a way that the applicant has stated in the request, as follows:

  • лично подигање од  ОЦУ од страна на подносителот – барателот на услугата
  • по ПТТ пошта
Deadline for appeal

8 дена од денот на приемот на решението

Legal basis

Закон за превоз во патниот сообраќај, член 8 ( Службен весник на Р. Македонија бр. 68/04 …… бр. 163/18)

Note

Образецот/ барањето може да се симне и од web страната на Општината