Општинската комисија за процена на штетите од пожарите од денеска на терен

  • News

Од денеска Општинската комисија за процена на штети од елементарни и други непогоди заедно со лиценциран проценител на терен ќе врши процена на штетите на градежни објекти кои беа опожарени од големите пожари кои ја зафатија територијата на Општина Делчево во периодот од 2. 08. 21 до  7.08. 21.

Согласно со пријавените штети од граѓаните, ќе се проценуваат штетите на 29 објекти согласно со поднесените пријави за процена на штети на градежни објекти, а станува збор за опожарени куќи, викендици и други помошни објекти.

Инаку, до Општинската комисија за процена на штетите, вкупно се поднесени 180 пријави од граѓани за штети од пожарите. Освен градежните објекти, пријавени се штети на шуми, овошни насади, земјоделска механизација, живина и стока.

По проценката на опожарените објекти, во наредниот период ќе се изврши процена и на останатите штети.

Согласно со Методологијата за проценка на штети од елементарни и други непогоди, Општинската комисија изготвува елаборат кој го доставува до Републичката комисија за процена на висината на штетите од елементарни и други непогоди при Владата на РСМ, каде се врши проверка на сите податоци и се доставува до Платежната агенција за исплата на штетите.

Shares