ПРИРАЧНИКОТ ЗА ВОЗАЧ ПОЧЕТНИК доделен на делчевските возачи почетници

  • News

Во рамки на активностите на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Делчево „Прирачникот за возач почетник“ беше доделен на возачи почетници преку делчевските автошколи „СЛОБИ“, „АЦИКО“ И „ТЕОН“, а со поддршка на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

ПРИРАЧНИКОТ ЗА ВОЗАЧ ПОЧЕТНИК е издаден од страна на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Северна Македонија во 2021 година. Автори на прирачникот се м-р Гордана Кожуваровска, м-р Златко Ангеловски и дипл.инж.Ристе Јосифовски, а стручни соработници се Владимир Лазаров, м-р Ристо Манчев и дипл.сооб.инж. Киро Ристовски.

Во овој Прирачник се содржани совети за возачот поченик како подготовка за возење, услови за управување со моторно возило, ограничувањата за возач почетник, правилата на сообраќајот на патиштата и основните одредби, дејствата со возило во сообраќајот, правилата за движење на возила на патот, ограничувањето и приспособувањето на брзината на движење, правилата за свртување, правилата за првенство на минување, правилата за сообраќај на крстосница, правилата за сообраќај на крстосница со кружен тек на сообраќајот, правилата за разминување, правилата за престигнување и обиколување, правилата за запирање и паркирање, безбедни семејни паркинг зони, правилата за влечење на приклучно и запрежно возило, правилата за влечење на неисправно возило, правилата за употреба на светла во сообраќајот, правилата за растојание помеѓу возилата, обврската на возачите кон пешаците, правилата за сообраќај на премин на пат преку железничка пруга, правилата за сообраќај на автопат, експресен пат и на пат резервиран за сообраќај на моторни возила, правилата за сообраќај во тунел, правилата за возила под придружба, правилата за возила со прави на првенство на минување, правилата за превоз на лица со возила, знаците што на учесниците во сообраќајот на патиштата им ги даваат униформираните полициски службеници на Министерството за внатрешни работи, должности во случај на сообраќајна незгода, најчести причини за сообраќајни незгоди во кои страдаат младите возачи односно возачите почетници, сообраќајните знаци, воедно збогатени со современи илустрации, фотографии и конкретни примери.

Линк за превземање на ПРИРАЧНИКОТ ЗА ВОЗАЧ ПОЧЕТНИК

https://rsbsp.org.mk/sites/default/files/priracnik_vozac_pocetnik_web.pdf

Овој прирачник покрај за возачите почетници, е погоден и корисен и за употреба од страна на кандидати за возачи кои ќе полагаат возачки испит, но и за сите оние возачи кои веќе поседуваат возачка дозвола подолг период. Целта е истите да се потсетат и дополнително да се едуцираат за сообраќајните правила и прописи и новините во сообраќајот.

Авторите на овој Прирачник во Заклучокот потенцираат дека со секое неодговорно учество во сообраќајот, вие го загрозувате сопствениот живот, животот и здравјето на вашите најблиски, но и животот и здравјето на сите останати учесници во сообраќајот и ја упатуваат пораката: БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ И БИДЕТЕ ОДГОВОРНИ УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ!

 

Shares