Се градат попрeчни прагови во коритото на река Брегалница

  • News

Интензивно се работи на првиот дел од проектот за реагулација на речното корито на река Брегалница кој предвидува изградба на попречни прагови од габиони во коритото на реката Брегалница.

Денеска увид во работите на терен изврши градоначалникот Горан Трајковски кој е задоволен од интензитетот и квалитетот на работите и потенцираше дека реализацијата на проектите се одвива со планираното темпо.

– Очекувам работите на терен да завршат до крајот на овој месец. Работите се изведуваат во речното корито во должина од околу 300 м., а станува збор за реализација на дел од основниот проект за регулација на речното корито на река Брегалница, низводно од регулираното корито, односно се изведуваат три попречни прагови од габиони. Со оваа интервенција, ќе бидат стабилизирани дното на минор и мајер коритото што ќе придонесе реката да не врши дополнително поткопување при евентуални поплавни води.  Со стабилизација на коритото на тој дел од регулацијата дополнително ќе биде заштитен и новиот пешачки мост, рече Трајковски.

Вредноста на работите 1.073.800 ден со пресметан ДДВ, а  fundsand за реализација се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање преку Програма за управување со водите за 2021 година , во износ од 800.000,00 денари, додека останатиот дел од паричните средства се обезбедени од Буџетот на Општина Делчево за 2021 година.

Работите ги изведува тетовската фирма „Панел-М Мехаз“. Економскиот оператор, градежните работи во коритото на реката, треба да ги заврши заклучно со 30.11.2021 г.

Shares