Општина Делчево се вклучува во Програмата РОМАКТЕД. Потпишан Меморандум за соработка

  • News

Во рамките на втората фаза од Програмата РОМАКТЕДградоначалникот на Општина Delchevo, Goran Trajkovski, денеска на Конференцијата организирана по повод почетокот на Втората фаза на заедничката програма на Совет на Европа и Европска Унија- РОМАКТЕД потпиша Меморандум за соработка со Министерството за труд и социјална политика и Совет на Европа.

 Со потпишувањето на овој документ, Општина Делчево и активно е вклучена во Програмата и до 2024 година ќе се имплементираат мерки и активности кои ќе донесат подобрување на животот на Ромите. Наредната 2022 година ќе се работи на локалните акциски планови по што ќе се пристапи кон реализација на приоритетите.

Инаку, основна цел на Програмата Промовирање на добро владеење и зајакнување на Ромите на локално ниво“ е  поддршка и интеграција на Ромите на локално ниво,  како и  изградба на  политичка волја и одржлив политички ангажман на локалните власти за подобрување на демократското владеење и зајакнување на локалните ромски заедници а истата финансиски е поддржана од Европската Унија.

Обраќајќи се пред присутните, градоначалникот Trajkovski  изрази задоволство и позитивни очекувања за Делчево од реализацијата на оваа програма во нашата Општина.

-Очекувањата се дека ќе ја оствариме главната цел која значи подобрување на локалната демократија, отчетност, инклузивност и одговорност кон ромските граѓани и подобрена испорака на услуги, со краен резултат – подобрување на животот на ромската заедница. Општина Делчево и јас, како градоначалник, остануваме посветени на реализација на сите отворени прашања поврзани со Ромите, а дополнителен импулс, дополнителна поддршка за реализација на отворените прашања на ромаската заедница ќе даде и реализацијата на оваа Програма во Делчево, рече Трајковски.

Освен Општина Делчево, во втората фаза од имплементацијата на Програмата, РОМАКТЕД II, се вклучени и општините Берово, Битола, Прилеп, Кочани, Штип, Струмица, Крива Паланка, Шуто Оризари, Гостивар, Кичево, Тетово, Дебар, Велес, Виница.

Shares