Мостот во Тработивиште пуштен во употреба

  • News

Заврши санацијата на пристапната рампа на мостот на река Желевица во делчевско Тработивиште, оштетен од надојдените води на реката при неодамнешните обилни врнежи од дожд.

Со брза интервенција на Општина Делчево и фирмата СД Транс, оштетувањето на пристапната рампа е санирано при што е направен насип од околу 400м3, а дополнително е направена и регулација на речното корито во должина од околу 200 м.

Мостот од денеска е во функција, а неговото оштетување беше еден од посериозните проблеми предизвикани од неодамнешните обилни врнежи од дожд кои донесоа зголемување на водостоите на реките на територијата на Делчево.

Shares