Делчево се поклони пред патронот Гоце Делчев

  • News

Делчево со пригодни свечености одбележува 150 години од раѓањето на патронот на градот,Гоце Делчев, апостол на револуционерната борба, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.

По тој повод, за животот и делото на Гоце Делчев, реферат подготвија членови на КУД „Гоце Делчев“, а пред споменикот на Делчев во центарот на градот се поклонија и свежо цвеќе положија: делегација од Општина Делчево предводена од градоначалникот Горан Трајковски, како и претставници од Советот на Општина Делчево, претставници од институциите, политички партии, здруженија на граѓани.

Делчево од 23 април 1950 година со Одлуката на Президиумот, го добива името на великанот, идеолог и деец на Македонската револуционерна организација, Гоце Делчев. Оттогаш до денес, Делчево гордо и достоинствено го носи името на Делчев, истакна градоначалникот Горан Трајковски.

-Горди на неговиот лик и дело и промотори на неговото име со севкупното негово значење и наследство, ги промовираме неговите заложби и работиме да го изградиме нашиот град достоен носител на неговото име. Во таа насока и поклонувајќи се пред ликот и делото на великанот, Делчево со пригодни настани ја одбележува 150-годишнината од неговото раѓање. Датум достоен да се навратиме на неговото дело, значење, на неговата улога во развојот на револуционарната мисла и идеологија издигнувајќи се високо with неговиот интернационален и космополитски погледвбројувајќи го Гоце во редот на светските хуманисти, нагласи Трајковски.

Во Делчево по повод 150-годишнината од раѓањето на патронот на градот беше распишан и литературен конкурс во организација на КУД „Гоце Делчев“ и ЈЛБ „Илинден. Исто така, ЈЛБ „Илинден“ отвори и изложба на наслови, документи и записи кои зборуваат за ликот и делото на Делчев. Вечерва под мотото „Делчево во чест на Гоце“ во салата од спомен-домот АСНОМ ќе се одржи свечен концерт во организација на Општина Делчево и КУД „Гоце Делчев“ на кој ќе настапат промоторите на Гоцевата мисла: „Светот го разбирам како поле за културен натпревар меѓу народите“, делчевските амабасадори на културата и традицијата. Во текот на месец февруари во соработка со Националниот музеј на македонската борба во Делчево ќе бидат отворени историски изложби.

Shares