Делчево добива современа метеоролошка станица

  • News

Конечно во Делчево, УХМР Скопје ќе ја постави првата автоматска метеоролошка станица  (АМС) со намена за автоматска обсервација и пренесување на метеоролошките податоци. За реализацијата на овој проект, деновиве Договор за соработка потпишаа Општина Делчево и УХМР Скопје. Автоматската метеоролошка станица ќе биде поставена на соодветна локација во  населбата Шумски расадник во- населба Ново Делчево.

Согласно со податоците од УХРМ, автоматската метеоролошка станица претставува набљудувачки систем составен од повеќе автономни уреди коишто вршат мерења, а  податоците се читаат и добиваат од централната единица за аквизиција и се пренесуваат до корисникот.

АМС се состои од хардверски и софтверски дел. Поголемиот дел од хардверскиот дел е сместен во специјална надворешна куќичка, а ги подразбира:

–          сензорите кои  го вршат мерењето,  инсталирани и поврзани со централниот систем преку кабли;

–          централен систем за прием и обработка на податоците од сензорите според соодветни алгоритми и во формат погоден за дисплеј;

–          периферна опрема  и уреди, како што се извори за постојано напојување на електрична енергија, вградени уреди за автоматско мониторирање на статусот на виталните функции на станицата, уреди за пренос на податоци на далечина.

Еден ваков мерен систем ги мери следните метеоролошки параметри:

-температура на воздух,

-релативна влажност на воздух,

– атмосферски притисок,

-правец и брзина на ветер,

 -сончево зрачење,

– количина на врнежи и сл.

Овој мерен систем има можност за надоградба за мерење со можност за надоградба.

Мерењата се вршат според важечки прописи на Светската метеоролошка организација (СМО) и Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Shares