„Копачката“ и Делчево домаќини на „Мрежата на УНЕСКО-вите културни простори“

  • News

Орото „Копачка“ како живо културно наследство запишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО, денеска беше презентирано во  рамките на Ераiмус+ проектот „Мрежа на УНЕСКО-ви културни простори“ пред научници и носители од Европа со цел размена на искуство и запознавање со орото Копачката". Освен орото „Копачка“, на настанот беа презентирани и традиционалните музички инструменти од Пијанец, традиционалните песни и други ора од Пијанец, традиционалнаand храна и начинот на приготвување на храната која е специфична за Пијанец и Источна Македонија.

Проект кој е поддржан од Програмата Ераiмус+ опфаќа обуки и размена на добри практики во негувањето и зачувувањето на нематеријалното културно наследство од областа на традиционалната музика и танц, впишани во листите на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото, наменети на носителите и засегнатите страни на заштитеното добро.

 Националниот комитет на ИСТМ за Македонија – Скопје, е домаќин на проектот и партнер организација, а партнери учесници во проeктот се организации од неколку држави: Латвија – Ethnic Culture Centre Suiti Foundation; Естонија – Kihnu Cultural Space Foundation; Естонија – NGO Setomaa Tourism; Грузија – Georgian Arts and Culture Center; Португалија – Idanha-a-Nova Municipality /Centro Cultural Raiano; Хрватска – Gacko pucko otvoreno uciliste Otocac; Италија – Universita Degli Studi Di Cagliar.

Shares