Се одбележува Меѓународниот ден на Ромите

  • News

Под мотото „Обединети во мир, просперитет и солидарност“, а по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април, во организација на Општина Делчево беше одржана пригодна свеченост на која градоначалникот Трајковски ги додели и традиционалните парични награди на најдобрите ученици Роми во трите образовни институции во Делчево.

Најдобрата ученичка Ромка во СОУ „М.М.Брицо“, Елиса Мемедова, ученичка во 3 година стручно образование, доби парична награда од 10.000 ден, најдобрите ученици Роми во двете основни училишта добија по 5.000 ден.:Гулизар Бајрамова, 9 одд. во ООУ „Св.Климент Охридски“ и од ООУ„Ванчо Прке“ Тарик Мемедов, ученик  во 6 одд.

Наградите се мотивација за учениците Роми за да постигнуваат подобри резултати во образованието и да се натпреваруваат во знаења, истакна градоначалникот Трајковски кој во своето обраќање на свеченоста ги потенцираше заложбите на Општина Делчево за целосна интеграција на ромската заедница во Делчево, како и актуелните проекти во образованието, мерките од областа на социјалата, инфраструктурата и сл. кои носат подобар квалитет на животот на Ромите.инклузија и

–          Општина Делчево го започнува процесот за изработка на нов стратешки документ кој ќе ги таргетира областите на вработување, образование, домување и здравство на Ромите за период 2022-2025. Изработката на овој документ е со поддршка на Програмата РОМАКТЕД со чија реализација во Делчево се очекува да се оствари главната цел која значи подобрување на локалната демократија, отчетност, инклузивност и одговорност кон ромските граѓани и подобрена испорака на услуги, со краен резултат – подобрување на животот на ромската заедница, нагласи Трајковски.

На свеченоста присуствуваше и државниот секретар во Министерството за правда, Мухамед Точи  кој ги повика граѓанските организации, сите локални институции, но и претставниците од Владата, да помогнат за реализација на отворените прашања на ромската заедница, бидејќи просперитетот на една заедница не значи просперитет само на таа заедница, туку просперитет на целото општество.

Аксел Ахмедовски советник во Канцеларијата на Премиерот зборуваше за придобивките на ромската заедница во Делчево, но ги потенцираше и предизвиците на заедницата и планираните проекти за реализација.

Покрај кратката програма подготвена од ученици, беше приемиерно прикажан и документарниот филм „Небо – Точак – Земја“ кој ne потесетува на минатото, туку отвора нова перспектива на историјата на Ромите.  Сценариото на филмот е на Зоран Димов / Рамуш Муарем – Цирко, продукција  на  СП БТРКопродукција Студио 7“. Документарниот филм е финансиски поддржан од Филмски Фонд на Република Северна Македонија. Снимен во:     Бугарија, Хрватска, Финска, Франција, Германија, Грција, Индија, Северна Македонија, Полска, Романија, Русија, Србија, Шпанија, Шведска и Турција.

По повод Меѓународниот ден на Ромите, денеска пред административната зграда на Општина Делчево, беше дигнато ромското знаме.

Shares