Партерно уредување на градскиот парк

  • News

Партерно се уредува градскиот парк и просторот пред Спомен-домот АСНОМ со што овој централен простор во градот, каде се одржуваат културно-уметнички настани и друг вид собири од поголем обем, но е и место за прошетка и рекреација, ќе добие нов лик.

Градежните работи за доуредување и санирање на пешачките патеки и хортикултурно оплеменување на зелените јавни површини, ги извршуваат екипи на ЈКП „Брегалница“. Се работи на санирање и бетонирање на оштетените пешачки патеки, санирање и бојадисување на летната сцена, како и хортикултурно уредување на парковската површина.  Оваа активност се спроведува поради големите оштетувања на патеките, летната сцена кои со децении не се санирани, а целта на активноста е да се осовремени просторот.

Инаку, од денеска започнаа и работите на санација на фоајето на Спомен-домот АСНОМ, а наредниве денови ќе започне и санацијата на кровната конструкција на домот со што комплетно ќе се заштити објектот кој не е саниран повеќе години.

Исто така, во тек е засадување пролетни цвеќиња во парковите и јавните површини во градот Делчево, а планирано е засадување на над 1200 пролетни видови цвеќиња и пролетно прочистување на зеленилото.

Shares