Општина Делчево со поддршка на Националната платформа за женско претприемништво

  • News

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, ја потпиша Декларацијата за поддршка на женско претприемништво со што и Општина Делчево се вклучува во семејството општини кои даваат поддршка на Националната платформата за женско претприемништво.

На состанокот на кој присуствуваа секретарот на Општина Делчево, Билјана Прачковска, заменик- координаторот за еднакви можности, Даниела Такева, координаторот на НПЖП за Источен регион, Ирена Мирчовска, се разговараше за состојбата со женското претприемништво во Општина Делчево, беа донесени заклучоци со кои се дефинираат идните активности во Делчево за поддршката на женското претприемништво.

Беше заклучено да се формира Совет за женско претприемништво на микрорегионално ниво (заедно со општините Берово, Пехчево и Македонска Каменица и Делчево) кој ќе работи на изработка на Стратегија за женско претприемништво, акциски план со конкретни мерки за промоција и поддршка на женско претприемништво. Целта е мотивација на жените активно да се вклучат во општеството како претприемачи, но и да имаат точна и навремена информација за сите можности и поволности кои им се нудат.

Shares