Првачињата во Делчево и оваа година ќе добијат по 3.000 денари

  • News

Сите делчевски првачиња кои се запишани во двете основни училишта во Делчево во учебната 2022/23 ќе добијат по 3000 денари, еднократна поддршка од Општината. Средствата се предвидени во општинскиот Буџет и се во рамките на мерката на Општина Делчево предвидена во Програмата за социјална заштита која значи поддршка на родителите за да го подговат своето дете кое го започнува школувањето, но и мотивација на родителите да ги запишуваат своите деца во делчевските училишта.

Постапката за доделување парична помош за прваче се поведува со поднесување писмено барање до Архивата на Општина Делчево, as well as потпишана изјава за користење на неговите лични податоци во постапката за остварување и користење на правото на парична помош, документи кои можат да се симнат од веб-страницата на Општина Делчево, (delcevo.gov.mk), на следниот линк. Исто така, потребна е и cажечка лична карта на еден од родителите; Извод од матичната книга на родените за детето; Потврда за запишан ученик во прво одделение заверена од основното училиште;tрансакциска сметка на барателот.

 The request for exercising the right to financial aid for a first grader is submitted within three months from the beginning of the school year.

Инаку, во двете основни училишта во Делчево во учебната 2022/23 година се запишани 107 првачиња. Во ООУ „Ванчо Прке“ се запишани 45 првачиња од нив во централното училиште во Делчево се запишани 44 првачиња, а во Подрачното училиште во с. Ѕвегор, едно прваче. Во ООУ „Св. Климент Охридски“ се запишани вкупно 62 првачиња од кои 55 се во централното училиште во Делчево, едно прваче во с. Разловци, три во Тработивиште, две во с. Град, едно во с. Стамер.

Shares