Проект: „Младите може да бидат слушнати“

Советот на млади при Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани млади лица на возраст од 15 до 29 години да присуствуваат на локалната дискусија со млади  која ќе се одржи на 31.08.2022 година во мултифунционалниот центар во зградата на Општина Делчево со почеток од 13 часот. Локалната дискусија со младите од Општината ќе се спроведе со цел идентификување на   потребите на младите, нивните очекувања од Локалниот младински совет и ќе имаат можност да предлагаат иницијативи за подобрување на животот на младите во општината.

Локалната дискусија со млади ќе се одржи во рамките на проектот „Младите може да бидат слушнати“ [YOUth can be Heard!], кој го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во рамките на програмата Еразмус+ со финансиска поддршка од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност. Целта на проектот е да се зголеми учеството на младите во процесите на донесување на одлуки и во демократскиот живот на локално и национално ниво.

АГЕНДА ЗА ЛОКАЛНА ДИСКУСИЈА

Проект: „Младите може да бидат слушнати“

 13.00-13.10

Вовед во дискусијата-модератор Џастин Мемедов

– Цел

– Резиме на проектот

– Претставување на Локалниот Младински Совет – членови,

улога и начин на функционирање

13.10-13.20

Запознавање на учесниците

13.20-13.40

Група на прашања 1:

Предизвици, проблеми и потреби на младите

 13.40-14.20

 Група на прашања 2:

Иницијативи од младите / Идеи и предлози

 14.20-14.40

 Група на прашања 3:

Очекувања на младите од Локалниот младински совет

14.40-14.45

Заклучоци и затворање на дискусијата

Shares