СООПШТЕНИЕ : Ќе се воспоставува Графички регистар на улици и куќни броеви во Општина Делчево

Се известуваат граѓаните на Општина Делчево дека во периодот од 15.09.2022 до 09.11.2022 на територијата на Општина Делчево ќе се спроведуваат теренски активности за прибирање податоци за улиците и куќните броеви, како дел од активноста на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија во рамките на проектот „Соработка за дигитална демократија“ финансиран од Кралството Шведска. Со оваа активност се продолжува прибирањето графички и атрибутивни податоци за улици и куќни броеви во функција на воспоставување Графички регистер за улици и куќни броеви за дополнителни 29 општини. Теренските активности ќе ги спроведува Друштвото ГЕОФОТО ЗЕНИТ ИНЖЕНЕРИНГ ДОО.

Со цел успешно воспоставување на Графичкиот регистар на улици и куќни броеви во Општина Делчево се информираат овластените лица од урбаните и месните заедници дека ќе се изведуваат активности на терен поврзани со прибирање податоци за улици и куќни броеви во сите населени места во Општина Делчево: Бигла, Ветрен, Вирче, Вратиславци, Габрово, Град, Делчево, Драмче, Ѕвегор, Илиово, Киселица, Косово Дабје, Нов Истевник, Очипала, Полето, Разловци, Селник, Стамер, Стар Истевник, Тработивиште, Турија и Чифлик.

Во согласност со Законот за катастар на недвижности, Агенцијата за катастар и недвижности ја има надлежноста за воспоставување и управување со Графичкиот регистар за улици и куќни броеви кој е дел од идниот Адресен регистар на Република Северна Македонија, а ќе содржини просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви.

Адресниот регистар е еден од државните приоритети и ќе биде единствен и авторитативен извор на адресни информации во Република Северна Македонија. Информациите за адресните податоци ќе се добиваат на брз и ефикасен начин, по електронски пат, преку систем обезбеден од Агенцијата за катастар и недвижности.

Shares