Соопштение – започнува реконструкцијата на водоводната мрежа во дел од населба Ново Делчево

Се известуваат жителите од населбата Ново Делчево дека од понеделник,  17.10.2022 годинаќе почне реализацијата на проектот за реконструкција на водоводната мрежа во населбата.

Со проектот се опфатени следните улици: „19 Октомври“, „Пијанечка“ , „Ленинова“, „Охридска“, „Пиринска“, „Осоговска“ и „Трст“. Реконструкцијата на водоводната инсталација подразбира замена на дотраените и старите азбестни цевки со нови полиетиленски.

 Исто така, жителите од посочените улици е потребно да контактират со стручните лица од ЈКП „Брегалница“ со цел да извршат замена и на старите приклучоци до домовите со нови за позврување на новата улична водоводна мрежа.

Shares