Република Северна Македонија
УП 1 бр 08 – 2 од 13.12.2022
Municipality of Delchevo
Врз основа на член 62 став 10 и член 35 став 3 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), и донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Делчево за 2022 година со Одлука бр. 09 – 2544/1 од 28.12.2021 година, Градоначалникот на Општина Делчево го дава следново :
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавен увид на изработен Урбанистички проект за Изменување и дополнување на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.13-Површински соларни и фотоволтаични електрани (за поставување на фотонапонски панели на земја) на КП 4036/1, КП 4854, КП 4855, КП 4856 и дел од КП 4037/1, КО Град, Општина Делчево тех.бр 44/22 од ноември 2022 изработена Друштво за проектирање, трговија и инженеринг УРБАН ПРОЕКТИНГ ДООЕЛ Велес
Изработувач на Урбанистичкиот проект е Друштво за проектирање, трговија и инженеринг УРБАН ПРОЕКТИНГ ДООЕЛ Велес Лиценца бр.0054 издадена на 12.05.2021 г. што е во согласност со законските одредби.
Границата на проектниот опфат е следна: -од југозапад и запад границата на проектниот опфат се движи по западната граница на КП 4036/1,- од север границата се движи по северната граница на КП 4036/1,КП 4855, и КП 4856; – од исток се движи по источната граница на КП 4856 се до КП 4851, врти во правец према запад и се движи по јужната граница на КП 4856, 4854 и КП 4036/1, врти према
југ и продолжува во правец кон југ по источната граница на КП 4036/1 се до КП 4037/1,
врти према запад, се движи по јужната граница на КП 4036/1 во правец кон запад се
до КП 4037/4, врти кон југ и се движи по источната, јужната и западната граница на
КП 4037/4, се до пресекот со КП 4036/1 каде продолжува во правец према запад по
јужната граница на КП 4036/1 се до почетната точка.
Проектниот опфат ги опфаќа КП 4036/1, КП 4854, КП 4855, КП 4856 и КП 4037/4, КО
Град, Општина Делчево. Површината во рамки на опишаниот проектен опфат
изнесува 34312м2 или 3,43ха. Границата на проектниот опфат е со должина
1007,14м.
Проектната документација се изработува по прифатена иницијатива за изработка на урбанистичка документација од страна на Комисијата за урбанизам на Општина Делчево и одобрена Проектна програма.
Јавниот увид на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план – за намена Е1.13 Површински соларни и фотоволтаични централи (за поставување на фотонапонски панели на земја) во опфат на ко Град – Општина Делчево ке се спроведе со објава на урбанистичкиот проект на официјалната web страна на Општина Делчево: www.delcevo.gov.mk
Јавниот увид ке трае 15 дена од објавувањето на Соопштението, започнувајки од 14,12.2022 г до 29,12.2022 год
Во споменатиот период, заинтерисираните грагани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот ке може да доставуваат писмени забелечки, предлози и анкетни листови до Општина Делчево.
Анкетен лист фотоволтаи Алпин Ком измени
Municipality of Delchevo
Mayor
Goran Trajkovski