Одбележана годишнина од Февруарскиот поход

  • News

Во организација на Општина Делчево, денеска на планината Голак се одбележа 79-годишнината од Февруарскиот поход. По тој повод беше организирана пригодна свеченост пред спомен-плочата која го чува споменот за походот на  Народноослободителната војска на Македонија која во февруари 1944 година извршила оперативни дејства на територијата на Источна, Централна и Западна Македонија, а дел од маршрутата на Третата борбена единица била и планината Голак заедно со Беласица, Плачковица и Осогово.

Одбележувањето започна со планинарски марш на Голак во организација на ПСК „Голак“ на кој учествуваа триесетина планинари од Делчево и регионот кои успешно ја поминаа зимската планинарска патека долга 10 км во еден правец.

По повод годишнината од Февруарскиот походчленови на КУД „Гоце Делчев“ преку рецитал потсетија на историските факти кои го одбележаа овој стратешки поход изведен во 1944г., по што пред спомен-обележјето се поклонија и свежо цвеќе положија: делегација од Општина Делчево, предводена од градоначалникот Горан Трајковски, делегација од Советот на Општина Делчево, претставници на политички партии, на здруженија на граѓани.

Организатор на настанот е Општина Делчево, а покровител е градоначалникот, Горан Трајковски.

– Делчево денеска се сеќава и достојно го одбележува успешното изведување на Февруарскиот поход кое имало големо политичко и воено значење за текот на НОВ во Македонија, воопшто. Ова нѐ обврзува да се потсетиме на еден бурен период и да оддадеме почит на жртвите дадени за живот во слободна и самостојна македонска држава. Наследството од НОВ го трасира нашиот пат за иднината, да се вложиме сите кон европско издигнување на нашата држава andмплементирајќи ги европските вредности, рече градоначалникот Трајковски.

Инаку, на Голак денеска се славеше и убавината на планината која има значајно место во животот на Делчевци и која редовно привлекува стотици граѓани кои уживаат и се рекреираат, овде на чистиот планински воздух.

Во организација на ХЗГ „Бравура-кооператива“, а во рамките на иницијативата „Го сакам Голак“ беше организиран и музички хепенинг, каде настапија ди-џеи, фолклорни групи, но беа организирани и други содржини кои треба да го промовираат значењето на Голак за Делчево.

Како што истакна Александар Николовски од ХЗГ„бравура кооператива“, целата на настанот е да се потенцира суштинското значање на туристичкиот локалитет на Голак за потребите на локалното население од аспект на рекреативен, како и социоекономски развој.

Shares