Објавена јавната набавка за реконструкција на локалниот пат за с. Стамер

Municipality of Delchevo ja објави јавната набавка за избор на најповолен понудувач за изведувач на работите по проектот „Реконструкција на локалниот пат Л-14 Делчево-с. Стамер“.

 За реализација на набавката се обезбедени парични средства во висина од 5.800.000,00 денари од Република Северна Македонија преку Министерство за транспорт и врски, односно 4.915.254,00 денари без ДДВ, распределени согласно со Одлука донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија и по склучен Договор за меѓусебно регулирање на правата и обврските во однос на извршена исплата на финансиски средства склучен помеѓу Република Северна Македонија, Министерство за транспорт и врски и Општина Делчево. Договорот за јавна набавка ќе се додели со спроведување на Поедноставена отворена постапка за набавка на работи, а доделувањето на договорот за јавна набавка е врз основа на економски најповолната понуда која се утврдува врз основа на цената.

Согласно со проектот предвидена е реконструкција на локалниот пат во должина од 1,3 км, односно од клучката од регионалниот пат до влезот на селото, а предвидената ширина на патот е од 3,5 м со банкини.

Отворањето на понудите е на 22 март во 9.00 ч. на електронскиот систем на јавни набави.

Shares