Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ЈП Национални шуми денеска се организираше акција за пошумување и обнова на опожарена површина со пожарите од 2021 година на територија од Општина Делчево. Денеска се пошумуваше на месноста Браниград над с. Стар Истевник, каде активно се вклучија вработени во Општина Делчево, вработени во МЗШВ и ЈП Национални шуми.
На локацијата се засадуваа садници од багрем и црн бор, произведени од расадникот на ЈП Национални шуми „Дервишица“ во Делчево. Согласно Програмата за проширена репродукција на Министерството за оваа 2023 година е предвидено пошумување на површина од 51 ха, каде ќе се засадат околу 102.000 садници.