Со пригодна свеченост делчевскиот средношколски центар СОУ„М.М.Брицо“ , денеска ја одбележа 99– годишнината од раѓањето на патронот Методи Митевски –Брицо, како и 62-годишнината од постоењето на оваа образовна институција во Делчево .
По тој повод ученици од СОУ „М.М.Брицо“ подготвија пригодна програма, а пред присутните се обрати и вд директорката на училиштето, Дијана Цоневска која истакна дека прославувањето 62 годинa from постоењето е сериозна бројка во која младоста и зрелоста се обединуваат, а продуктивноста е на највисоко ниво
– Станавме училиште со современ образовен процес кое нуди поддршка на детските права и мултикултурализмот, инклузивноста, ефективноста, здравјето, сигурноста и безбедноста. Заеднички ја реализираме нашата визија да создадеме ефективно и модерно училиште во кое ученикот и неговите потреби се во центарот, преку интерактивна соработка меѓу учениците, наставниците и родителите. Опстоиме како училиште со здрава клима и пријатна атмосфера за работа во кое создаваме личности со високи вредности кои ги знаат своите права и одговорности. Го негуваме меѓусебното почитување и толеранција и градиме заемна доверба и почит, рече Цонева.
Таа посочи дека СОУ „Методи Митевски- Брицо“- Делчево ја отпочна реализацијата на проектот Чекор по чекор – за професионален развој, во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност; училиштете повторно СУПЕРУЧИЛИШТЕ во Програмата на долгорочно партнерство, со Проектот Don’t Give Up. Во училиштето функционира и Ученичка заедница.
Градоначалникот Трајковски испраќајќи честитка по повод патрониот празник истакна дека делчевската гимназија е нашата гордост.
-Како единствено средно училиште во градот, СОУ „М.М.Брицо“ во Делчево веќе 62 години успешно ги спојува гимназиската и стручната насока и образова, воспитува и гради генерации и генерации млади луѓе кои утре ќе дадат свој придонес во развојот на нашиот град, држава. Ми претставува посебна гордост што ова училиште редовно учествува на натпрвари за иновации, реди награди и признанија и отвора нови можности и перспективи на младите генерации. Натпреварот во знаења е предизвик и треба максимално да се искорити и да биде водилка и на учениците и на наставниот кадар. Им посакувам успешна работа и уште многу успеси во иднина, нагласи Трајковски.
Свеченоста започна со оддавање почит и положување свежо цвеќе пред бистата на Методи Митевски-Брицо во дворот на делчевската гимназија, а беа организирани и спортски натпревари.