Се реконструира потисниот водоводен цевковод

  • News

Во реонот на Старо Делчево на ул „Острец“ во тек се градежни работи за реконструкција на потисниот водоводен цевковод кој води до резервоарот за вода на месноста Чука. Согласно со проектот се заменува старата азбестна водоводна линија во должина од 450 м со полиетиленски црева од фи-225 и со притисок од 16 бари. Со оваа интервенција се отстрануваат штетните по здравјето азбестни цевки, но се превенираат и дефектите на мрежата и загубите на вода.

  Реконструкцијата на потисниот цевковод е дел од проектот за реконструкција на водоводната мрежа во три населби во градот со вкупна должина од 4,5 км. Во рамките на проектот се реконструираше и водоводната мрежа во дел од населбата Ново Делчево со должина од 1, 8 км и во населбата Милково Брдо, каде се изврши замена на старата дотраена водоводна инсталација во должина од 2, 3 км.

Инвестицијата на проектот е 18,8 милиони денари. Дел од нив во висина од 15 милиони денари е инвестиција преку МТВ, додека 3,5 милиони денари е учество на Општина Делчево. Градежните работи ги извршува фирмата „Панел-М“ од Тетово.

Shares