Сонцето во Делчево ќе произведува над 1 кв на час струја по глава на жител што го прави Делчево една од водечките општини за искористување на обновливите извори на енергија. Ова го потврдуваат фактите кои говорат дека во Делчево вкупно се инсталирани или во фаза на инсталирање се фотоволтаици кои ќе произведуваат енергија од сонцето од 14 300 кв. Но, производството на енергија од сонцето, се очекува значително да се зголеми, бидејќи се најавени нови инвестиции. До Општината има доставено уште 24 иницијативи од правни и физички лица за инсталирање фотоволтаици на кров или на земја.
Искуството на Делчево од придобивките од инвестициите во обновливите извори на енергија who имаат голем потенцијал да ја намалат енергетската сиромаштија, да ги намалат сметките за електрична енергија и да ја заштитат животната средина, како и предизвиците на Делчево во наредниот период, ги презентираше градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски на МЕФ Еергетскиот форум 2023 кој деновиве се одржува во Скопје. Форумот е под покровителство на вицепремиерот Фатмир Бетиќи, а на него присуствуваа голем број високи владини претставници од земјата и регионот, амбасадори, претставници од меѓународни организации и фондации. Темата на Форумот е „Подобрување на триаголникот политики – финансиска – eнергетска технологија за енергетска отпорност и зелена транзиција“, .
Трајковски посебно го потенцираше значењето од формирање енергетски задруги на локално ниво за што е несомнено потребна сериозна поддршка за реализација на овој концепт на здружување граѓани, јавни институции и бизнис- секторот од една локална заедница, заради остварување заедничка цел, во случајот производство на енергија од обновливи извори, нешто кое во развиените западноеверопски земји одамна е реалност. Енергетските задруги се вистински начин за демократизација на енергетскиот сектор, said Trajkovski
МЕФ Енергетскиот форум 2023 година е во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје.