Комисијата за процена на штетите од невремето кое го зафати Делчево на 8 јуни, започна со теренските активности. Се постапува по поднесените пријави и се врши увид на лице место на поплавените објекти и површини. При процена и утврдување на висината на штетата, Комисијата ќе ја применува Методологија за процена на штети од природни непогоди и други несреќи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.181/2021), а проценетите штети, Комисијата ги евидентира на пропишани обрасци и табели согласно Методологија.
Комисијата во својата работа ќе соработува со надлежните државни органи, научно-стручни институции и по потреба ќе ангажираат и стручни лица – експерти од соодветната област по претходно добиена согласност од Градоначалникот на Делчево. Процената и утврдувањето на висината на штетата ги опфаќа видот, обемот и висината на штетата изразена во натура и вредносни показатели, според подрачјето, дејноста, имотот, сопственоста, времето и причината за настанување на штетата.
За својата работа Комисијата изработува Извештај за процената на штетите во вид на елаборат согласно Методологија за процена на штети од природни непогоди и други несреќи и истиот го доставуваат до Советот на Општина Делчево на разгледување и усвојување и до Владата на Република Северна Македонија.
Досега во Општина Делчево има поднесено 60 пријави за штети. Граѓаните кои сакаат да пријават штети од поплави и град, тоа можат да го сторат до 23 овој месец.