Општина Делчево ќе реализира проект за социјално мапирање и обезбедување услуги за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост

  • News

Општина Делчево доби грант за спроведување социјално мапирање и обезбедување услуги за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост. Проектот се реализира во партнерство со НВО „Бравура кооператива“, а е во рамките на регионалниот проект „Регионална соработка за подобра социјална инклузија на локално ниво“ имплементиран од Мрежата на асоцијации на локални власти на ЈИЕ – НАЛАС и Асоцијациите на локалниte власти од Западен Балкан, а со поддршка на ГИЗ и ЗЕЛС.

Општина Делчево и Општина Куманови се двете општини во кои ќе се имплементира овој проект, а на денешниот информативен состанок на кој присуствуваа претставници од  НАЛАС и Асоцијациите на локалниte власти од Западен Балкан, како и од ГИЗ и ЗЕЛС, беше дефиниран начинот на имплементација на проектот, календарот на активности и целите кои треба да се постигнат.

 Проектот обезбедува техничка помош со цел да се зајакнат капацитети за:

• примена на социјално мапирање и принципот „Не оставајте никого зад себе“ (LNOB) со цел идентификување на потребите на лицата со попреченост како ранлива група, со посебен акцент на потребите на жените и девојките со попреченост;

• подготовка на Извештај од социјалното мапирање вклучувајќи и препораки засновани на докази, како и предлог мерки/услуги неопходни за задоволување на потребите на лицата со попреченост;

• интегрирање на препораките засновани на докази и предлог мерки/услуги во локалните политики, како што се социјалниот план или програма за социјална заштита, и

• воспоставување или проширување на услугиte за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост, со посебен акцент на жени и девојки со попреченост.

Дополнително, Општина Делчево ќе добие поддршка за обезбедување услуги за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост.

Избраните локални самоуправи, исто така, ќе бидат вклучени и во активности за градење капацитети за воспоставување и испорака на услуги за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост. Во оваа насока, ќе се формира Кластер за учење за услуги за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост со кој ќе управува ЗЕЛС, со стручна поддршка на искусни практичари. Вкупната вредност на поддршката од донаторите е 8.000 евра.

Shares