Започна реконструкцијата на ул „Ванчо Прке“

  • News

Започна реконструкцијата на ул „Ванчо Прке“ во должина од 223 метри која е една од најфреквентните улици во населбата Втори Реон во Делчево. Реконструкцијата опфаќа   целосно вадење на старата асфалтна површина, поставување нов асфалт и изградба на тротоари по должината на улицата.  

Увид во почетокот на работите изврши градоначалникот Горан Трајковски кој истакна дека со реконструкцијата на улицата „Ванчо Прке“ ќе се реши актуелниот проблем со оштетеноста на коловозот и ударните дупки, а ќе се подобри безбедноста во сообраќајот на учесниците, како и квалитетот на живеење на населението од ромска, македонска и турска етничка заедница која живее на улицата и во овој дел од нaселбата.

Реконструкцијата на улицата е финансирана од комбинирани извори, преку Владата на РСМ и МТВ за поддршка на имплементација на Декадата и Стратегијата на Ромите и Општина Делчево.

Вредноста на работите изнесува 2.712.867,00 денари со вклучен ДДВ. Владата на Република Северна Македонија го исплаќа износот од 1.428.074,00 денари, а Општина Делчево износот од 1.284.793,00 со вклучен ДДВ.

Работите ги изведува ЕУРО-БЕТОН ДООЕЛ извоз-увоз с.Град.

Инаку, на оваа улица претходно беше реконструирана водоводната мрежа при што беше заменета старата дотраена азбестна водоводна мрежа со нова пвц-инсталација.

Shares