На 26 редовна Седница на Советот, советниците расправаа и донесоа одлуки и заклучоци по 22 точки предложени на Дневниот ред. На денешната Седница на Советот на Општина Делчево, пред советниците беше Извештајот за извршувањето на Бthe budget of Општина Делчево за вториот квартал 2023 година who изнесува 48,54%, односно од вкупно планираните приходи во износ од 318.298.293 ден. за вториот квартал се реализирани 154.512.140 денари. Од нив, во Основниот буџет, од планирани 102.094.000 are реализирани се 50.212.563 ден. или 49%. Во Буџетот на дотации од планирани 199.375.580 приходи реализирани се 96.998.502 или 48,6%, во буџетот на донации од планирани 4.038.713 реализирани се 3.521.690 ден. или 87% и во буџетот на самофинансирачки активности од планирани12.790.000 реализирани се 3.779.385 денари или 29,5%. Процентот на наплата на даночните приходи е 53,4%, најголема наплата е наплатата од даноци на специфични услуги и тоа во износ од 18.421.743ден. (а тоа се сите видови на комунална такса, комунална такса за истакната фирма, 372.000 ден. Капиталните приходи се наплатени во износ од 2.328.145 ден. од вкупно планирани 6.900.000 ден.или 33,7% .Трансферите од други нивоа на власт се реализирани во износ од 21.646.140 ден. од вкупно планираните 45.366.000 или 47,7%. Вкупните расходи се планирани во износ од 318.298.293 ден. Од нив се реализирани 145.356.339 ден. или 45,6%.
Советот ја донесе и Одлуката за одвојување средства за финансиско учество на Општина Делчево во имплементација на проекти од регионално значење за проектот „Изработка на техничка документација за унапрдување и промоција на конкурентските предности на Источниот плански регион“(Изработка на техничка документација за реконструкција на постоечка и изградба на нова водоводна мрежа на туристички локалитет ГОЛАК во Општина Делчево“). Проектот е поднесен до Министерството за локална самоуправа на Р.С. Македонија, Биро за регионален развој, а по Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година со индикативно планирани средства за 2022 година. Вкупниот буџет на проектот е 1.274.400.00 denars including VAT од кои 1.100.742,00 денари ќе се обезбедат од Министерството за локална самоуправа-Биро за регионален развој, а по Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година. Општина Делчево, како партнер ќе обезбеди 173.658,00 денари од Буџетот на Општина Делчево за 2023 година.
На Седницата беа донесени повеќе одлуки и заклучоци: Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување на Општина Делчево за 2024 година; Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Делчево и Општина Македонска Каменица;Одлука за измена на распоредот на средства на Буџетот на Општина Делчево за 2023 година; Програма за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на подрачјето на опоштина Делчево за 2023 година;Тримесечен извештај за финансиското работење на ЈКП „Брегалница“-Делчево за период 01.01.2023-31.03.2023 година; Годишен план за вработување за 2024 година на ЈЛБ „Илинден“-Делчево со Заклучок за усвојување; Измена на Годишен план за вработување на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за 2023 година; Годишен план за вработување на Св.Климент Охридски“-Делчево за 2024 година; Годишна програма за работа на ООУ „Св.Климент Охридски“-Делчево за учебната 2023/2024 година ; Годишен план за вработување на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево за 2024 година; 13.Годишен извештај на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево; Годишна програма за работа на ООУ „Ванчо Прке“-Делчево; Правилник за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево; Одлука за давање согласност за формирање групи со поголем број на деца; Одлука за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време на ОЈУДГ „Весели Цветови“-Делчево; Годишен извештај на СОУ „Методи Митевски –Брицо“ Делчево; Годишна програма за работата на СОУ „Методи Митевски-Брицо“ за учебната 2023/2024 година; Одлука за одобрување финансиски средства по барање број 09-1319/1 од 26.06.2023; Одлука за финансиска поддршка за учество на Светска олимпијада на геонауки;