Нов асфалт на локалниот пат за с. Стамер

  • News, Projects

Денеска завршува асфалтирањето на локалниот пат за с. Стамер кој за прв пат од неговата изградба доби комплетна и темелна реконструкција.

 Со реконструкцијата е опфатена вкупната должина на локалниот пат од 1.3 км, односно од клучката од регионалниот пат Делчево-Берово до влезот на селото, а предвидената ширина на патот е од 3,5 м, as and изградени банкини покрај патотСо оваа градежна интервенција се подобрува сообраќајната комуникација со селото, а се  подобрува и безбедноста во сообраќајот.

Средствата за реконструкција на локалниот пат за с. Стамер се обезбедени преку МТВ во износ од 5.143.644,4 денари со вклучен ДДВ. Градежните работи ги изведува СТОИМЕНОВ  ДООЕЛ Кочани.

Shares