Продолжува санацијата на оштетената инфраструктура од невремето што го зафати Делчево. Екипи на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта работат на санација на штетите на мостот на Црквенска Река пред Делчево на делот од магистралниот пат кој беше оштетен од невремето проследено со поплави што го зафати Делчево во текот на месецот јуни. Во моментов се бетонираат темелите и стопите, а се интервенира и на регулацијата на водотекот.